Balkans ACT Now!
Регионална мрежа против трговијата со луѓе на Западен Балкан
Balkans ACT Now! (BAN) е регионална мрежа на организации од Западен Балкан посветена на борбата против трговијата со луѓе, јакнењето на владеењето на правото и унапредувањето на човековите права. Мрежата е формирана во рамките на регионална иницијатива поддржана од Европската Унија, со цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за мониторинг, застапување и развој на политики во борбата против трговијата со луѓе и организираниот криминал.
Отворена Порта/Ла Страда е една од основачките партнерски организации на BAN и активно придонесува во изработка на регионални анализи и извештаи, развој на алатки за мониторинг, јавни кампањи и застапување за унапредување на политиките и системот за заштита на жртвите од трговија со луѓе во Западен Балкан.
