Прескокни до содржина
Отворена Порта Logo

Итна поддршка - Јави се, информирај се и пријави

24/7 безбедна, анонимна и бесплатна

Глобална мрежа

Clean Clothes Campaign (CCC)

Најголемата глобална мрежа за работнички права во текстилната индустрија

Clean Clothes Campaign (CCC) е најголемата глобална мрежа која се залага за заштита на работничките права во текстилната и модната индустрија. Основана во 1989 година, денес мрежата обединува повеќе од 220 организации во над 45 земји, кои заеднички работат на подобрување на условите за работа, обезбедување достоинствени плати, безбедни работни места и почитување на човековите права низ глобалните синџири на производство на облека и обувки.

Како членка на мрежата, Отворена Порта/La Strada активно придонесува во европски и глобални иницијативи за спречување на трудовата експлоатација и унапредување на работничките права, со посебен фокус на заштитата на ранливите работници, жените и мигрантите.

Преку оваа соработка придонесуваме кон развој на одговорни синџири на снабдување и промовирање на праведна транзиција во модната индустрија, во која човековите права и достоинството на работниците се во центарот на промените.