IRIS Network
Регионална мрежа на давателите на социјални услуги во Југоисточна Европа
IRIS Network е единствената регионална мрежа во Југоисточна Европа која ги обединува националните мрежи на граѓански организации – даватели на социјални услуги од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Основана во 2012 година, мрежата поврзува повеќе од 200 организации кои обезбедуваат социјални услуги за деца, жртви на насилство и трговија со луѓе, лица со попреченост, Роми, мигранти, баратели на азил и други ранливи категории.
Отворена Порта/Ла Страда е членка на IRIS Network и активно придонесува кон унапредување на квалитетот и одржливоста на социјалните услуги преку размена на добри практики, развој на стандарди за квалитет, обуки, регионални проекти и застапување за препознавање на граѓанските организации како рамноправни партнери во системот на социјална заштита.
