La Strada International
Европска мрежа против трговијата со луѓе
La Strada International е водечка европска мрежа на организации кои работат на спречување на трговијата со луѓе, заштита на жртвите и унапредување на нивните човекови права. Мрежата ги поврзува организациите кои обезбедуваат директна поддршка на жртвите и активно придонесува кон развој на политики, законски решенија и практики засновани на човекови права, како на национално, така и на европско ниво.
Бидејќи трговијата со луѓе е транснационален проблем, ефикасната борба против неа бара силна меѓународна соработка. Токму затоа, Отворена Порта/Ла Страда е дел од мрежата La Strada International од 2001 година, и преку ова партнерство активно учествува во европски истражувања, размена на знаења и добри практики, заеднички кампањи и иницијативи за застапување.
Придонесуваме кон развој на политики, јакнење на прекуграничната соработка и унапредување на системите за идентификација, заштита и поддршка на жртвите на трговија со луѓе.
