Missing Children Europe
Европска федерација за исчезнати и сексуално експлоатирани деца
Missing Children Europe е европска федерација која ги обединува организациите посветени на спречување на исчезнувањето на децата, нивна заштита и поддршка на нивните семејства. Федерацијата ја координира европската мрежа на телефонските линии 116 000 за исчезнати деца, спроведува истражувања, обуки и застапува политики за подобра заштита на децата и поефикасна прекугранична соработка.
Федерацијата се залага за поефикасни политики за заштита на деца на европско ниво, промовира употреба на европскиот број 116 000 за исчезнати деца и координира прекугранична соработка во потрагата по исчезнати деца.
Отворена Порта/Ла Страда е членка на Missing Children Europe и национален оператор на линијата 116 000 во Северна Македонија. Преку мрежата разменуваме знаења и добри практики, учествуваме во заеднички обуки и иницијативи и придонесуваме кон подобра заштита и поддршка на исчезнатите деца и нивните семејства.
