Прескокни до содржина
Отворена Порта Logo

Итна поддршка - Јави се, информирај се и пријави

24/7 безбедна, анонимна и бесплатна

Баратели на азил

Програми

Поддршка на баратели на азил

Отворена Порта спроведува програма за ранливи категории лица во процес на мигрирање кои имаат потреба од итна интервенција, стручна помош и поддршка во Република Северна Македонија.

За програмата

Програмата се однесува на лица кои се сместени во Центарот за баратели на азил, а припаѓаат на ранливи категории. Целите на програмата вклучуваат помош на сместените лица полесно и поуспешно да се вклучат во тековните процеси на општественото живеење.

Дополнително, целта е да спроведе социјална медијација помеѓу потребите на овие лица и системот за поддршка кој е создаден од страна на државата и им стои на располагање на барателите на азил.

Програма за баратели на азил

Целни групи

Непридружувани малолетници баратели на азил

Семејства кои се баратели на азил

Самохрани родители со деца

Жртви на сексуално и родово базирано насилство

Активности на програмата

1

Индивидуални психо-социјални советувања на корисниците на програмата

2

Групни едукативно-окупациски работилници

3

Основни часови по македонски јазик

4

Подигање на свеста на населението за проблемите и потребите на барателите на азил

Место на спроведување

Активностите и услугите се спроведуваат во:

Центарот за баратели на азил
Транзитни центри Винојуг - Гевгелија и Табановце
Пограничните региони на јужната и северната граница

Потребна ви е помош?

Контактирајте не за поддршка и информации.

0800 11111

Бесплатен повик • 24 часа • 7 дена во неделата