

Програми
Превенција и едукација
Знаење кое штити.
Веруваме дека превенцијата започнува со навремено информирање и едукација. Преку работа со деца, млади, професионалци и локалните заедници придонесуваме за навремено препознавање на ризиците, заштита од трговија со луѓе и создавање побезбедна средина за сите. Нашите активности се реализираат во основни и средни училишта, факултети, локални заедници и институции низ целата држава.
Информираме
Ги информираме децата, младите и јавноста за ризиците од трговија со луѓе, онлајн злоупотреба, експлоатација и насилство.
Едуцираме
Спроведуваме работилници, обуки и кампањи за деца, млади, професионалци и заедницата.
Зајакнуваме
Ги јакнеме капацитетите за рано препознавање, реагирање, упатување и заштита на лица под ризик.
Поврзуваме
Градиме соработка со училишта, институции, организации и медиуми за посилна превенција.
Едукација за деца и млади
Работиме со деца и млади преку интерактивни работилници, разговори и едукативни материјали. Целта е младите да научат како да препознаат ризични ситуации, манипулација, насилство, експлоатација и можни форми на трговија со луѓе. Посебен акцент ставаме на работата со деца и млади, бидејќи тие претставуваат една од најранливите групи кога станува збор за ризикот од трговија со луѓе и експлоатација.
Што учат младите?
- •како да препознаат ризична ситуација;
- •како да се заштитат од манипулација и врбување;
- •како безбедно да носат одлуки;
- •каде да побараат помош и поддршка.

Нашиот пристап
Интерактивно
Безбедно
Инклузивно
Практично
Прилагодено
Со почитување на достоинството
