Прескокни до содржина
Отворена Порта Logo

Итна поддршка - Јави се, информирај се и пријави

24/7 безбедна, анонимна и бесплатна

Советувалиште

Услуги

Советувалиште

Поддршка кога ви е најпотребна

Советувалиштето на Отворена Порта / Ла Страда обезбедува стручна, доверлива и индивидуализирана психосоцијална поддршка за деца, млади, возрасни, парови и семејства кои се соочуваат со различни животни предизвици, семејни и партнерски кризи, насилство, трговија со луѓе или други социјални ризици.

Нашата цел е преку навремено советување, превенција и континуирана поддршка да помогнеме во надминување на тешкотиите, јакнење на личните и семејните капацитети и подобрување на квалитетот на животот.

За кого е наменето Советувалиштето?

Советувалиштето е наменето за:

  • деца, млади и возрасни лица изложени на различни социјални ризици;
  • жртви и преживеани на родово базирано насилство и трговија со луѓе;
  • партнери и брачни другари кои се соочуваат со конфликти и нарушени односи;
  • лица во процес на развод или разделба;
  • родители и семејства кои имаат потреба од дополнителна поддршка;
  • деца и млади во ризик од насилство, злоупотреба, врсничко насилство или ризично однесување;
  • поединци и семејства кои имаат потреба од психосоцијална поддршка, стабилизација и зајакнување.

Услуги на советување

Советувалиштето обезбедува три нивоа на поддршка, во зависност од потребите и состојбата на корисникот.

Превентивно советување

Наменето е за поединци, парови и семејства кои сакаат навремено да ги зајакнат своите лични, партнерски и семејни капацитети.

Поддршката може да вклучува:

  • •подготовка за брак и семеен живот;
  • •подготовка за родителство;
  • •планирање на семејство;
  • •развој на комуникациски вештини;
  • •управување со конфликти;
  • •психоедукација за здрави партнерски и семејни односи;
  • •рано препознавање на ризични ситуации.

Како функционира поддршката?

Секој корисник добива индивидуализиран пристап според своите потреби, степенот на ризик и животната ситуација.

Процесот вклучува:

1

Прв контакт и проценка

Разговор со стручно лице за вашите потреби и причината за обраќање.

2

Индивидуален план

Заедно со корисникот се определуваат целите и видот на поддршка.

3

Советување и поддршка

Се реализираат индивидуални, партнерски, семејни или групни сесии, зависно од потребите.

4

Следење на напредокот

Стручниот тим редовно го следи процесот и ја приспособува поддршката кога е потребно.

5

Завршување или упатување

По постигнување на целите, услугата се завршува или корисникот се упатува кон друга соодветна форма на поддршка.

Нашиот тим

Со корисниците работи стручен интердисциплинарен тим составен од:

Психолог
Психотерапевти
Социјален работник
Педагог / координатор на Советувалиштето
Правни советници и други стручни лица

Тимот работи преку индивидуални и групни сесии, психоедукација, кризна интервенција, советување, упатување и поддршка во процесите на стабилизација и реинтеграција.

Нашите принципи

Работата на Советувалиштето се темели на:

Доверливост

Информациите што ги споделувате се третираат со почитување на вашата приватност.

Доброволност

Во услугата се вклучувате со ваша согласност и активно учествувате во процесот.

Недискриминација

Поддршката се обезбедува без дискриминација по која било основа.

Индивидуален пристап

Секој корисник добива поддршка според своите потреби и околности.

Почитување на достоинството

Вашите права, избори и лични граници се почитуваат во текот на целиот процес.

Најдобар интерес на детето

При работа со деца, нивната безбедност, благосостојба и право да бидат слушнати се секогаш приоритет.

Како можете да пристапите до услугата?

До Советувалиштето можете да пристапите:

Со директно, самоиницијативно обраќање
Преку упатување од Центар за социјална работа
Преку здравствена или образовна установа
Преку друга институција или граѓанска организација

По првичниот контакт, стручно лице прави проценка на потребите и заедно со вас го определува најсоодветниот вид на поддршка.

Потребна ви е помош?

Ако вие или некој близок имате потреба од советување и психосоцијална поддршка, контактирајте не.