

Услуги
Центар за жртви на трговија со луѓе
Безбедно место. Нова шанса.
Центарот обезбедува безбедно и доверливо привремено сместување, заштита и сеопфатна поддршка за лица кои преживеале трговија со луѓе, сексуална експлоатација, присилен брак и други форми на насилство, злоупотреба или експлоатација. Поддршката се прилагодува на индивидуалните потреби на секое лице, со цел закрепнување, зајакнување и подготовка за самостоен живот.
Наши услуги
Безбедно сместување
Безбедно и доверливо привремено сместување, обезбедување основни потреби и 24-часовна поддршка.
Психолошка и психосоцијална поддршка
Индивидуално советување, групна поддршка, кризна интервенција и поддршка за надминување на трауматските искуства.
Социјална поддршка
Проценка на индивидуалните потреби, остварување права, обезбедување лични документи и поврзување со институции и достапни услуги.
Правна и здравствена поддршка
Правно информирање и советување, поддршка во постапки и пристап до потребната здравствена грижа.
Образование и развој на вештини
Поддршка за продолжување на образованието, вклучување во обуки и развој на животни, дигитални и комуникациски вештини.
Вработување и независност
Кариерно советување, подготовка за вработување, развој на работни вештини и поддршка за економска независност.
За Центарот
Центарот е наменет за лица кои имаат потреба од безбедно сместување, заштита и стручна поддршка поради трговија со луѓе, сексуална експлоатација, присилен брак и други форми на насилство, злоупотреба или експлоатација. Сместувањето е доброволно, а услугите се бесплатни и се обезбедуваат со почитување на приватноста, достоинството, изборите и индивидуалните потреби на секој корисник.
Поддршката се планира заедно со корисникот и се прилагодува согласно неговите потреби, безбедност, околности и темпо на закрепнување.
Потребна ти е помош?
Ако сте жртва или знаете за некој кому му е потребна помош, јавете се на нашата СОС линија.
0800 11111Бесплатно • 24/7
Брзи факти
- Безбедно и доверливо сместување
- Бесплатни услуги
- Индивидуализирана поддршка
- Стручен тим
Нашиот пристап
Поддршката се заснова на почитување на правата, достоинството и индивидуалните потреби на секое лице.
Безбедност
Физичката и емоционалната безбедност на корисниците е приоритет.
Доверливост
Приватноста и личните информации на корисниците се заштитени.
Информирана согласност
Корисниците се информирани и активно учествуваат во одлуките што се однесуваат на нив.
Индивидуален пристап
Поддршката се прилагодува на потребите, можностите и темпото на секое лице.
Зајакнување
Целта е постепено враќање на чувството на сигурност, самодоверба и независност.
Процес на прием
Упатување и првичен контакт
Првичен контакт и координација со надлежните институции и служби.
Прием и проценка
Разговор и стручна проценка на потребите, состојбата, приоритетите и можните ризици.
Сместување и индивидуален план
Безбедно сместување и подготовка на индивидуален план за услуги и поддршка.
Индивидуална поддршка
Заедно со корисникот се подготвува индивидуален план за поддршка, согласно неговите потреби, околности, цели и можности. Планот се следи и прилагодува во текот на престојот и претставува основа за постепено закрепнување, зајакнување и подготовка за самостоен живот.
Подготовка за реинтеграција и самостоен живот
Поддршката не завршува со престојот во Центарот. Заедно со корисникот се планираат следните чекори за безбедно домување, пристап до услуги, продолжување на образованието, вклучување во обуки или вработување и создавање мрежа на поддршка. Согласно потребите на лицето, поддршката може да продолжи и по напуштањето на Центарот.

