

Услуги
СОС ЛИНИЈА
Поддршка и помош 24/7
Бесплатна, доверлива и достапна линија за жртви на трговија со луѓе, лица во ризик и нивните блиски.
Итна помош
Поддршка за жртви во кризни ситуации кога секоја секунда е важна.
Превентивни информации
Совети за безбедно вработување и работа во странство.
Психосоцијална поддршка
Слушање, емпатија и поддршка за надминување на тешки ситуации.
Упатување и заштита
Помош при контакт со институции и обезбедување на безбедна заштита.
СОС линијата обезбедува бесплатни, доверливи информации и насоки за препознавање и спречување на трговијата со луѓе, како и совети за безбедно патување, миграција, вработување и престој во земјата и странство. Целта е навремено информирање и намалување на ризикот од измама, експлоатација и трговија со луѓе.
Можете да добиете информации за:
- трговијата со луѓе, нејзините форми, ризици и начини на заштита;
- безбедно патување, заминување, работа или престој во странство;
- сигурна миграција и мерки на претпазливост;
- проверка на договор за работа пред негово потпишување;
- работничките права во Северна Македонија и во земјата на дестинација;
- лиценцирани агенции за вработување и посредување;
- визи, работни дозволи и потребна документација;
- контакти на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија;
- СОС линии, организации и институции кои обезбедуваат помош во земјата и странство;
- законска рамка и механизми за заштита од трговија со луѓе;
- достапни услуги и можности за поддршка доколку постои сомнеж или ризик од трговија со луѓе.

Европска линија за исчезнати деца
116 000 е единствениот хармонизиран европски број за исчезнати деца, достапен во земјите членки на Европската Унија и во повеќе европски држави. Во Северна Македонија, линијата ја управува Отворена Порта / Ла Страда, како дел од мрежата Missing Children Europe, обезбедувајќи бесплатна поддршка, информации и координација во случаи на исчезнати деца.
Информации и советување
Европската линија за исчезнати деца 116 000 обезбедува бесплатна, доверлива и достапна поддршка за родители, старатели, деца и сите граѓани во случаи на исчезнато дете. Линијата нуди информации, советување и насоки за постапување во случаи на исчезнување, како и поддршка во текот на целиот процес на пронаоѓање и заштита на детето.
Можете да добиете информации и советување за:
- што да направите веднаш по исчезнување на дете;
- постапките за пријавување на исчезнато дете;
- правата на детето и семејството во текот на постапката;
- психолошка поддршка за детето и семејството;
- достапните институции и организации кои обезбедуваат помош;
- ризиците од онлајн злоупотреба, бегство од дом, киднапирање и други ситуации поврзани со исчезнување на деца;
- превентивни мерки за заштита на децата и намалување на ризикот од исчезнување.
Поддршка за семејствата
Европската линија за исчезнати деца 116 000 обезбедува бесплатна, доверлива и континуирана поддршка за семејствата на исчезнатите деца, како и за децата по нивното пронаоѓање. Тимот обезбедува емоционална поддршка, информации, координација и упатување до релевантните институции и служби.
Достапни услуги:
- емоционална и психосоцијална поддршка за семејството;
- советување во текот на постапката по исчезнување;
- информации за правата и достапните услуги;
- посредување и координација со надлежните институции;
- упатување до специјализирани услуги за психолошка, социјална и правна поддршка;
- поддршка по пронаоѓањето на детето, согласно неговите и потребите на семејството;
- соработка со национални и меѓународни партнери во случаи со прекуграничен елемент.
Kako помагаме?
Кога да се јавите?
Се сомневате дека некој е жртва на трговија со луѓе
Добивте сомнителна понуда за работа во земјата или странство
Сакате да проверите дали понуда, агенција или договор се безбедни
Ви е потребна информација за вашите права
Ви е потребна поддршка, совет или упатување до институции

