Прескокни до содржина
Отворена Порта Logo

Итна поддршка - Јави се, информирај се и пријави

24/7 безбедна, анонимна и бесплатна

СОС поддршка

Услуги

СОС ЛИНИЈА

Поддршка и помош 24/7

Бесплатна, доверлива и достапна линија за жртви на трговија со луѓе, лица во ризик и нивните блиски.

Бесплатен повик24/7 достапностДоверливиИтна поддршка

Итна помош

Поддршка за жртви во кризни ситуации кога секоја секунда е важна.

Превентивни информации

Совети за безбедно вработување и работа во странство.

Психосоцијална поддршка

Слушање, емпатија и поддршка за надминување на тешки ситуации.

Упатување и заштита

Помош при контакт со институции и обезбедување на безбедна заштита.

СОС линијата обезбедува бесплатни, доверливи информации и насоки за препознавање и спречување на трговијата со луѓе, како и совети за безбедно патување, миграција, вработување и престој во земјата и странство. Целта е навремено информирање и намалување на ризикот од измама, експлоатација и трговија со луѓе.

Можете да добиете информации за:

  • трговијата со луѓе, нејзините форми, ризици и начини на заштита;
  • безбедно патување, заминување, работа или престој во странство;
  • сигурна миграција и мерки на претпазливост;
  • проверка на договор за работа пред негово потпишување;
  • работничките права во Северна Македонија и во земјата на дестинација;
  • лиценцирани агенции за вработување и посредување;
  • визи, работни дозволи и потребна документација;
  • контакти на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија;
  • СОС линии, организации и институции кои обезбедуваат помош во земјата и странство;
  • законска рамка и механизми за заштита од трговија со луѓе;
  • достапни услуги и можности за поддршка доколку постои сомнеж или ризик од трговија со луѓе.
116 000

Европска линија за исчезнати деца

116 000 е единствениот хармонизиран европски број за исчезнати деца, достапен во земјите членки на Европската Унија и во повеќе европски држави. Во Северна Македонија, линијата ја управува Отворена Порта / Ла Страда, како дел од мрежата Missing Children Europe, обезбедувајќи бесплатна поддршка, информации и координација во случаи на исчезнати деца.

Информации и советување

Европската линија за исчезнати деца 116 000 обезбедува бесплатна, доверлива и достапна поддршка за родители, старатели, деца и сите граѓани во случаи на исчезнато дете. Линијата нуди информации, советување и насоки за постапување во случаи на исчезнување, како и поддршка во текот на целиот процес на пронаоѓање и заштита на детето.

Можете да добиете информации и советување за:

  • што да направите веднаш по исчезнување на дете;
  • постапките за пријавување на исчезнато дете;
  • правата на детето и семејството во текот на постапката;
  • психолошка поддршка за детето и семејството;
  • достапните институции и организации кои обезбедуваат помош;
  • ризиците од онлајн злоупотреба, бегство од дом, киднапирање и други ситуации поврзани со исчезнување на деца;
  • превентивни мерки за заштита на децата и намалување на ризикот од исчезнување.

Поддршка за семејствата

Европската линија за исчезнати деца 116 000 обезбедува бесплатна, доверлива и континуирана поддршка за семејствата на исчезнатите деца, како и за децата по нивното пронаоѓање. Тимот обезбедува емоционална поддршка, информации, координација и упатување до релевантните институции и служби.

Достапни услуги:

  • емоционална и психосоцијална поддршка за семејството;
  • советување во текот на постапката по исчезнување;
  • информации за правата и достапните услуги;
  • посредување и координација со надлежните институции;
  • упатување до специјализирани услуги за психолошка, социјална и правна поддршка;
  • поддршка по пронаоѓањето на детето, согласно неговите и потребите на семејството;
  • соработка со национални и меѓународни партнери во случаи со прекуграничен елемент.

Kako помагаме?

Слушаме
Советуваме
Упатуваме
Заштитуваме
Поддржуваме

Кога да се јавите?

Се сомневате дека некој е жртва на трговија со луѓе

Добивте сомнителна понуда за работа во земјата или странство

Сакате да проверите дали понуда, агенција или договор се безбедни

Ви е потребна информација за вашите права

Ви е потребна поддршка, совет или упатување до институции