Прескокни до содржина
Отворена Порта Logo

Итна поддршка - Јави се, информирај се и пријави

24/7 безбедна, анонимна и бесплатна

Законска рамка

Теми

Законска рамка за борба против трговијата со луѓе

во Република Македонија

Преглед

Законската рамка во Република Северна Македонија во изминатите децении континуирано се унапредува со цел поефикасна борба против трговијата со луѓе и зајакнување на заштитата на жртвите.

Трговијата со луѓе е дефинирана како кривично дело во Кривичниот законик на Република Северна Македонија, преку член 418-а, воведен во 2002 година. Овој член ги опфаќа различните форми на врбување, транспорт, пренос, засолнување или прифаќање лица со цел нивна експлоатација.

Дефиниција во Кривичниот Законик

Во февруари 2002 година беше дефинирана трговијата со луѓе како кривично дело во Македонскиот кривичен законик (КЗ) поглавјето со наслов „Кривични дела против човечноста и меѓународното право" со воведување на Член 418-a, став 1 од Кривичниот Законик (КЗ) кој гласи:

Член 418-а

"Тој што со сила, сериозна закана доведува во заблуди или други форми на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, слабост или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито посвојување или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човековото тело,ќе се казни со казна затвор најмалку четири години".

Поврзани членови од Кривичниот Законик

Други členови од споменатиот Кривичен Законик кои се сметаат релеванти за акција против трговија со луѓе се:

418
Засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос
418-б
Криумчарење мигранти
418-в
Организирање група и поттикнување на извршување акти на трговија со луѓе, криумчарење мигранти и трговија со деца

Законски измени и дополнувања

2008

Исто така, во 2008 година е додаден нов Член 418-г став 1 од КЗ насловен како "Трговија со малолетни деца", и направени се дополнувања на овој член со тоа што е воведена кривична одговорност на правни лица за трговија со луѓе.

2014

Последната промена била направена во февруари 2014 година кога се направени измени во Член 418-a, став 1 и дополнувања при што, зборот „фертилизација" е заменет со зборот "бременост" и „просење и експлоатација преку легална активност" се додадени во делот на форми на експлоатација, дополнувања на КЗ споменати во ставот 14, текстот на членот 418-г, став 1 од КЗ била заменет со нов текст во кој зборот „малолетник" е заменет со „дете".

Дефиниција на жртва

Македонското законодавство не содржи дефинирање на поимот жртва на трговија со луѓе како таква. Во Кривичниот Законик на Република Македонија направени се измени во 2008 година кои што го дефинираат поимот „жртва на кривично дело" како:

Дефиниција

"секое лице кое претрпело штета, физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело."

Информации за законската рамка за борба против трговијата со луѓе во Република Македонија