Прескокни до содржина
Отворена Порта Logo

Итна поддршка - Јави се, информирај се и пријави

24/7 безбедна, анонимна и бесплатна

Миграција

Теми

Миграција и трговија со луѓе

Мигрантите се меѓу најранливите групи. Отворена Порта обезбедуваше поддршка за мигранти во ризик во транзитните центри и на границите на Македонија.

Позадина

Од 2014 до 2019 година, Отворена Порта активно спроведуваше поддршка на ранливи категории лица во процес на мигрирање, кои имаат потреба од итна интервенција, стручна помош и заштита во Р. С. Македонија.

Активностите и услугите се спроведуваа во Центарот за баратели на азил, во транзитните центри Винојуг – Гевгелија и Табановце, како и во пограничните региони на јужната и на северната граница.

Миграцијата е природен процес кој може да биде доброволен или принуден. Принудната миграција честопати ја зголемува индивидуалната ранливост и ризикот од трговија со луѓе.

Клучни факти

Мигрантите се изложени на висок ризик од трговија со луѓе и сексуална или трудова експлоатација.

Трговците со луѓе намерно го таргетираат ранливиот статус на мигрантите за контрола и манипулација.

Меѓународното право и националните закони обезбедуваат заштита на мигрантите и барателите на азил.

Улогата на Отворена Порта

Сместување и СОС

Прифатилишта и СОС линии за мигранти во ризик.

Едукација и свест

Обуки и кампањи за ризиците од трговија со луѓе.

Психосоцијална помош

Психосоцијална и правна поддршка за жртвите.

Застапување

Застапување и лобирање за подобрување на политиките.

Потребна ви е помош?

Ако сте мигрант во ризик или знаете за некој кому му е потребна помош, јавете се на нашата бесплатна СОС линија.