

Теми
Трговија со луѓе - Модерно ропство
Глобален преглед на современите форми на експлоатација
Историска перспектива
Трговијата со луѓе се појавила многу одамна, долго време се провлекува низ историјата, и за жал, и после еден толку долг период на развиток на човештвото таа се уште постои. Низ историјата трговијата со луѓе го менувала само својот назив но не и нејзината цел.
За жал и денес некои луѓе се уште се раѓаат во ропство (така наречено наследно ропство), особено во делови од Западна Африка и Јужна Азија. Во 2013 година, модерно ропство има многу форми, и е позната по многу имиња. Без разлика дали тоа е наречено трговија со луѓе, принудна работа, ропство или практики слични на ропство (категорија која вклучува должничко ропство, присилни или договорени бракови, продажба или експлоатација на деца) жртвите на модерно ропство не можат да ја уживаат слободата, и се користат и контролираат и експлоатираат од страна на друго лице за профит, секс, или доминација.
Методи на модерно ропство
Синџирите на модерното ропство не се секогаш физички – понекогаш ескалацијата на долгови, заплашување, измама, изолација, страв или дури 'брак' на кој што е принудена една млада жена или девојка без нејзина согласност може да се користи за да се држи лицето против своја волја, без потреба за брави или синџири.
Модерно ропство е недоволно разбрано, па токму затоа останува скриено во рамките на домовите, заедницата или пак на полињата. Криминалците се креативни и ги користат сите расположливи средства за да го прикријат, рационализираат, и да го оправдаат ропство – било да е тоа раса, етничка припадност, религија, пол, каста, "обичај" или било кој друг изговор или ранливост.
Глобална размера
Се проценува дека околу 50 милиони луѓе во светот живеат во услови на модерно ропство. Секоја година трговците со луѓе генерираат билиони долари профит експлоатирајќи милиони луѓе во цел свет.
Глобални фактори
Трговија со луѓе постои во секоја земја во светот, без оглед на социо-економскиот статус, историјата или политичка структура. Модерно ропство е глобално прашање. Производите на модерно ропство се прелеваат во глобалните ланци на снабдување, во локалните продавници, и на крајот во нашите домови.
Основни причини
Корупција, конфликтите, сиромаштијата, дискриминација и влијанието на сиромашните или во опаѓање економски услови и негативните еколошки промени.
Пазарна логика
Како и трговијата со дрога и оружје така и трговијата со луѓе е водена од пазарот кој што се основа на принципот на понуда и побарувачка.
Меѓународен одговор
Досега речиси секоја држава во светот се обврзала да ги спречи и искорени модерните форми на ропство применувајќи соодветни мерки (национални политики и закони, договор со меѓународни конвенции и сл.).
• 97 земји (49.7%) - Конвенција за ропство 1926
• 123 земји (63.7%) - Дополнителна Конвенција 1957
• 176 земји (91.1%) - Конвенција за присилни работни односи
• 154 земји (79.7%) - Протокол на ОН за трговија со луѓе
