🌱 ПОВИК ЗА АНГАЖМАН – ЕКСПЕРТ/КООРДИНАТОР
Здружението Отворена порта / Ла Страда бара лице за ангажман како Експерт/Координатор за организација на 3 еколошки активистички настани „Зелени мостови“ (Гази Баба, Сарај, Бутел).
Активноста се организира во рамки на проектот „Од рехабилитација до отпорност: Патот напред“, финансиран од Фондот за зајакнување и отпорност на глобалната заедница (GCERF), а имплементиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со „Отворена порта / Ла Страда“ и Центар за заедничка основа (ЦЗО).
Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е да се обезбеди професионална поддршка за организација и спроведување на три јавни еколошки активистички настани во рамките на активноста “Зелени мостови”, преку координација со проектниот тим, младите учесници, локалните чинители и релевантните институции, како и преку обезбедување соодветна документација и извештај за секој реализиран настан.
📄 Потребна документација за аплицирање:
- Кратка биографија (CV)
- Краток пристап и методологија
- Финансиска понуда
Дотребните документи испратете ги по електронска пошта на kontakt@lastrada.org.mk на и mtodorovska@lastrada.org.mk со назнака „Повик за експерт за Граѓански ангажман преку еколошки активистички настани („Зелени мостови“) “ до 03.04.2026 година.
📎Детали во ToR документот во прилог- TOR_Green_Bridges_Expert_Final.docx
💚 Биди дел од иницијатива што прави вистинска промена!