Иницијатива за социјална димензија за интеграција во ЕУ

На 6 ноември 2018 година од страна на АСБ, беше организирана регионалната министерска конференција “Иницијатива за социјална димензија за интеграција во ЕУ”, на која што беше презентирана Мрежата ИРИС. Повеќе од 150 релевантни чинители од Југоисточна Европа и Европската Унија – министри за труд и социјална политика од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Црна Гора, европратеници, раководители на одделение за меѓународни прашања од ЕУ –  за вработување, социјални прашања и инклузија, Совет за регионална соработка, Н.Е. Германскиот амбасадор во Србија, српскиот министер за интеграција во ЕУ и организациите на граѓанското општество од ЈИЕ присуствуваа на конференцијата.

Потпишувањето на Декларацијата за подобрување на социјалната политика на Западен Балкан од страна на Министри за труд и социјална политика од 7 земји, на конференцијата, покажува целосна посветеност кон зајакнување на социјалната димензија во процесот на проширување.

Клучни теми што беа дискутирани за време на Конференцијата беа социјалниот аспект на процесот на интеграција во ЕУ, трансформацијата на системот на социјална заштита, новите актери во социјалните услуги и улогата на граѓанските организации во системот на социјална заштита. Преку учество на отворената дискусија “Социјална перспектива на ЕУ” ИРИС мрежата беше презентирана пред релевантни засегнати страни на ЕУ, регионално, национално и локално ниво. Повеќе информации за настанот можете да најдете на http://iris-see.eu/regional-ministerial-conference-social-dimension-initiative-of-eu-integration/