Координативна средба во Општина Гази Баба

На 5 март 2026 година, во просториите на Општина Гази Баба се одржа координативна средба во рамки на проектот „Од рехабилитација до отпорност: Патот напред“, имплементиран од Здружението Отворена Порта / La Strada, во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Centre for Common Ground (CCG), со поддршка на Global Community Engagement and Resilience Fund (GCERF).

На средбата учествуваа 11 претставници од Општина Гази Баба, како и претставници од Отворена Порта. Во рамки на состанокот беше презентиран проектот и планираните активности кои ќе се реализираат на локално ниво, со цел зајакнување на локалните капацитети за превенција од насилен екстремизам и поддршка на процесите на рехабилитација и реинтеграција.

Во вториот дел од состанокот се одржа дискусија за функционирањето на локалната структура за превенција, мултисекторската соработка и постоечките капацитети на институциите. Заедно со учесниците беше спроведен и краток прашалник кој послужи како алатка за проценка на моменталната состојба и идентификување на потребите за дополнително јакнење на капацитетите.

Средбата придонесе за подобро разбирање на локалниот контекст и дефинирање на следните чекори за понатамошно унапредување на соработката на локално ниво.