Кампања: Децата се за сакање не за продавање
Јавната свест е клучна за спречување на трговијата со луѓе во Северна Македонија, бидејќи се повеќе деца се изложени на ризик од трговија и експлоатација. Во таа насока, Отворена порта преку оваа кампања сака да ја потсети јавноста и државните институции дека не смеат да бидат рамнодушни на фактот дека децата, пред се од ромската популација, се експлоатирани и живеат под тешки експлоататорски околности, вклучително и практики како што се питачење, принудни бракови итн. Неопходно е да се преземе проактивен пристап и да се пријават сите индикации за трговија со луѓе. Само преку овој заеднички напор, постои шанса да се изгради општество каде секое дете ќе биде слободно и заштитено од експлоатација и злоупотреба. Клучните пораки за пошироката јавност и децата се однесуваат на ризиците и опасностите од трговија со луѓе, питачење и превентивни мерки, вклучително и онлајн промоција на достапната национална телефонска линија( 0800 11111) каде јавувачите можат да најдат информација, помош, психолошко советување и други услуги за поддршка. Кампањата промовира вистински приказни објавени во секвенци на социјалните медиумите. Кампањата е дел од проектот „Заштитете ги децата на улица“, финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Слоган: Децата се за сакање, не за продавање
Комуникациски план за социјални медиуми:
Шанита има 11 години. Нејзиниот сон е да биде фризерка. Вечерта ме затворија со Идриз во соба, ми рекоа дека ќе ми биде маж. Јас не сакав. Мајка ми почна да ме тепа. Децата на улица ме исмеваат и ме навредуваат со зборови кои не ги разбирам. 71% од жртвите на трговија со луѓе се од женски пол, а најчеста форма на експлоатација е сексуалната експлоатација и принудниот брак Да го вратиме сонот на секое дете. Биди дел од приказната Пријави на СОС линијата за помош од трговија со луѓе. 0800 11111
Видео изработено за кампањата