#ШтоГледаш! Биди ТИ нивниот ГЛАС! е кампања која Отворена Порта Ла Страда ја спроведуваше во 2017тата година со цел ја подигнеме свеста и да ги охрабриме оние кои што се засегнати од овој проблем да пријават и да се заштитат. Со оваа кампања целевме повторно да го актуелизира прашањето за трговија со луѓе меѓу пошироката јавност
Колку и да изгледа неверојатно, трговијата со луѓе сè уште постои во модерното општество. И покрај сите напори за да се спречи таа е реалност во Република Северна Македонија. Последните истражувања покажуваат дека бројката на лица со кои се тргува е многу поголема од официјалната.
Во 2016тата година во Македонија 6 лица беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе, додека во соседните држави се идентификувани 100 до 150 лица. Најголемиот број од жртвите на трговијата со луѓе се жени и девојчиња.
Сите жртви од 2016тата година се од женски пол, од кои три се малолетнички и три возрасни лица. Пет од жртвите се со македонско државјанство и само една е со странско државјанство. Пет од нив биле сексуално злоставувани и една била присилена на брак.
Познати македонски лица како Столе Стоилов, Елена Ристеска, Катарина Ивановска, Викторија Лоба, Дани Димитровска, Весна Петрушевска, Ана Бунтеска, Тони Михајловски и Едина Муса се вклучија во кампањата на социјалните мрежи и ја дадоа својата поддршка во борбата против трговијата со луѓе.