ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТИ ЗА ОБУКА И МЕНТОРИРАЊЕ

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“, во рамки на проектот: „Младинска отпорност и реинтеграција преку културно претприемништво“, објавува јавен повик за избор на  експерти за обука и менторирање за спроведување на тридневен камп-обука за претприемништво, , лидерство, зачувување на традиционални занаети (ткаење, керамика, шиење, дрворезба и други)креативно размислување и решавање на проблеми во заедницата

Профили и број на ангажирани експерти

Во рамки на проектот ќе бидат избрани вкупно 3 експерти, и тоа:

  • Двајца експерт за претприемништво и развој на бизнис идеи – поддршка при развој на претприемачки вештини, стартап концепти и пазарна анализа, поддршка при финансиско планирање, буџетирање, одржливост и подготовка на бизнис планови. лидерство, креативно размислување и решавање на проблеми во заедницата. Работа со ранливи групи и искуство во градење и одржување на мали бизниси во заедницата, особена предност е искуство со оживување на традиционални и исчезнувачки занаети.
  • Еден експерт за развој и унапредување на традиционални занаети – практична и менторска поддршка за развој на занаетчиски производи и нивна комерцијализација.

Секој од избраните експерти ќе биде вклучен во спроведувањето на камп-обуката и во двомесечната менторска поддршка на младинските иницијативи.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • CV
  • модул и план за работа
  • Квалификации и претходно искуство во слични ангажмани
  • Финансиска понуда

Документите да се достават на:  kontakt@lastrada.org.mk , со назнака: „Апликација за експерти  за обука и менторирање “, најдоцна до 4. февруари2026

Целосниот оглас е достапен на следниот линк: Оглас за ментор 1