Кампањата „Јас не се согласувам на присилен брак“ има за цел да ја подигне јавната свест за присилните бракови и да ги информира младите, родителите, професионалците и пошироката јавност за ризиците и последиците од овој облик на експлоатација.
Присилниот брак не е избор!
Длабоко вкоренетите динамики на моќ, контрола и нееднаквост ја прават експлоатацијата на жените и девојките – особено преку присилни бракови – постојана и штетна практика во нашата земја.
Ние се стремиме да ги оспориме и промениме штетните норми и да придонесеме за одржливи и системски промени.
Преку работилници, дискусии, промотивни материјали и регионални активности, кампањата ги охрабрува заедниците да:
-
ги препознаваат предупредувачките знаци,
-
обезбедуваат поддршка за потенцијални жртви,
-
го промовираат правото на слободен избор и заштита на децата.
Целта е заеднички да се создадат ефективни механизми и практики кои обезбедуваат заштита, поддршка и автентичен глас за преживеаните.
Прочитајте ја нашата Меѓународна изјава на Ла Страда објавена на 8 март 2025 година по повод Меѓународниот ден на жената, во која ја истакнуваме итната потреба од координиран и врз човекови права заснован одговор.
Оваа кампања е дел од пошироката работа на Отворена Порта / Ла Страда Македонија за превенција на трговијата со луѓе и заштита на ранливите групи. Се реализира со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во партнерство со Ла Страда Интернешнл.
#ованееслобода #thisisnotfreedom #LaStrada #Отворенапорта #ЕУ #AmbassadeDeFrance