ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта / Ла Страда е здружение кое повеќе од 20 години работи на превенција, едукација, помош и поддршка, како и на застапување на жртвите на трговија со луѓе и сексуално насилство. Како водечка организација во регионот, Отворена Порта е дел од Интернационалната асоцијација Ла Страда, европска мрежа на НВО против трговија со луѓе. Здружението има активна улога во креирање на национални политики за заштита и поддршка на жртвите. Отворена Порта не е само организација, туку движење што создава простор за достоинствен живот и им дава глас на најранливите.

Опис на работното место

Отворена Порта објавува оглас за вработување на социјален работник со полно работно време, во рамки на Програмата за социјална асистенција. Работното место подразбира активности во централната канцеларија, прифатилиштето и теренска работа со лица изложени на висок ризик, жртви на трговија со луѓе и нивните семејства.

Со оглед на тоа што нашите штитенички во Центарот за жртви на трговија со луѓе (ЦЖТЛ) се жени и девојчиња, за оваа позиција бараме исклучиво женско лице. Ова е неопходно за да се обезбеди безбедна и доверлива средина за работа со оваа ранлива група.

Главни одговорности

  • Управување со случаи и обезбедување директна поддршка за корисници
  • Организирање и спроведување теренски посети
  • Придружба на корисници при контакти со институции (образование, здравство, социјална заштита, правда и др.)
  • Обезбедување емоционална и практична поддршка
  • Координација со релевантни институции и организации
  • Водење евиденција, подготовка на извештаи и документирање на процесот
  • Информативна и советодавна работа со корисници и нивните семејства
  • Имплементација на едукативни и креативни работилници со корисници
  • Учество на редовни состаноци, обуки и интерна супервизија
  • Одржување на професионален и безбеден амбиент во прифатилиштето
  • Други задачи поврзани со поддршката на корисниците и потребите на организацијата

Барани квалификации

  • Завршено високо образование – дипломиран социјален работник
  • Минимум 1 година работно искуство во областа на социјална работа, посебно препорачливо со жртви на насилство и/или трговија со луѓе
  • Познавање на релевантна законска регулатива (социјална заштита, човекови права, трговија со луѓе, здравствена заштита)
  • Познавање на работа со ранливи групи и жртви на насилство
  • Добро познавање на Microsoft Office
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија (опционално, но пожелно)

Потребни вештини и компетенции

  • Презентациски и едукативни вештини
  • Вештини за работа под притисок и со кратки рокови
  • Тимска работа, професионалност, емпатија и иницијативност
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи

Што нудиме

  • Полно работно време / сменско работење
  • Можност за професионален развој и учество во специјализирани обуки
  • Работа во посветен и стручeн тим со јасна мисија

Аплицирање

Заинтересираните кандидатки потребно е да достават:

  • Биографија (CV) на македонски јазик
  • Мотивациско писмо
  • Потврда за завршено високо образование
  • Две препораки од претходни работни места
  • Потврда за неосудуваност 
  • Контакт-податоци и референци од раководители на претходни ангажмани

Апликациите се доставуваат по е-пошта на: kontakt@lastrada.org.mk

Со назнака: „Оглас за социјален работник“

Краен рок за аплицирање: 29.08.2025г до 16ч

Отворена Порта/Ла Страда се залага за еднакви можности и правична постапка при изборот на кандидатки. Секоја апликантка ќе биде третирана со почит и без каква било дискриминација, независно од личните или социјалните околности.

 

Линк за превземање на огласот:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ_ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК