Денес, на Европскиот ден против трговијата со луѓе, ги повикуваме европските влади да ја подобрат раната идентификација и поддршката на жртвите, во соработка со релевантните организации за поддршка.
Фактот дека тргуваните лица не успеваат да се само идентификуваат како жртви на трговија со луѓе, се повеќе се споменува како една од главните причини за нивната ниска идентификација во земјите на Европа. Сметаме дека е клучно да се оспори овој наратив кој го става товарот на самоидентификација на жртвите на трговија со луѓе. Оваа перспектива не само што ја загрозува благосостојбата на засегнатите луѓе, туку ја поткопува и одговорноста на државите и релевантните актери во идентификувањето на трговијата со луѓе.
Целата изјава е достапна на следниот линк:
18.10. Изјава ЕУ ден за борба против трговија со луѓе