15 години јубилеј на Отворена Порта

15 години јубилеј на Отворена Порта

Отворена Порта одбележа 15 годиини постоење,15 години успешна мисија и работа, 15 години промовирање на човековите права и застапување на интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе. Пред 15 години, визијата на група ентузијасти предводени од својот мотив за надминување на проблемот на трговија со луѓе ја придвижија идеата за создавање на оваа граѓанска организација промовирана во 2000 година во Скопје.

Во текот на изминатите 15 години Отворена порта успешно растеше, се зајакнуваше и разиваше благодарејќи на тимот кој професионално, одговорно, несебично и посветено ги остваруваше своите задачи надминувајќи ги сите предизвици.

Во таа чест беше организирн прием на 27.мај.2015 година на кој беа присутини долгогодишни соработници, партнери и пријатели на кои Отворена Порта им додели плакети како благодарност за нивната долгогодишна поддршка и разбирање во реализирањето на активностите.

Отворена порта ќе продолжи и понатаму да делува во градење на демократско општество, ќе настојува да ги почитува човековите права, да делува против повреда на достоинството на загрозените лице и да ја унапредува социјалната интеграција.