Трет анимиран ТВ спот за трговија со луѓе со акцент на трудова експлоатација
Отворена порта како дел од кампањата Крени го гласот против трговијата со луѓе, го изработи и третиот и последен ТВ спот од оваа кампања. Судбината на 12 годишно дете жртва на трудова експлоатација од Македонија беше основата врз која се градеше ТВ спотот. Спотот во 23 секунди ја прикажува измамата,, експлоатацијата и положбата во која се наоѓаат жртвите на трговија со луѓе. Спот можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=B0AKFNpmcm4
Дополнително беше изработен и постер со цел да се сврти вниманието на јавноста за проблемите и последиците од трговијата со луѓе, со акцент на трудовата експлоатација.
Кампањата Крени го гласот против трговијата со луѓе има за цел да ја зголеми јавната свест за трговијата со луѓе со посебен фокус на трудовата експлоатација и да придонесе во подобрување на идентификацијата на жртвите од ТСЛ. Во рамките на оваа кампања беа изработени повеќе видео и радио спотови, постери, и банери кои што се емитуваат на неколку национални радио и ТВ станици.
Овој проект Отворена Порта го спроведува во партнерство со Ла Страда Интернационал од Холандија.