Плата за пристоен живот во текстилната индустрија во Турција и во Европските пост-социјалистички земји – конкретни пристапи и стандарди” 03-05 Март 2015 година, Истанбул.

,,Плата за пристоен  живот во текстилната индустрија во Турција и во Европските пост-социјалистички земји – конкретни пристапи  и стандарди 03-05 Март 2015 година, Истанбул.

Во март, 2015 година во Истанбул се оддржа  состанок и работилница за  подготовка на  идните стратегии  за постигнување на ,,плата за пристоен живот‘‘ во текстилната индустрија.  На средбата присуствуваа  претставниците од  Clean Clothes Campaign(CCC), Глобалната Источна Платформа  меѓу кои и Отворена Порта / Ла Страда Македонија , турските синдикати и индустријата СИТЕ(industry ALL)

За време на состанокот, се одржа одделна работилница  заедно со главните модни Брендови и мултисекторскиот иницијативи (MSI е). Главната цел на оваа работилница беше да се искористи моментумот креиран со  отпочнување  на кампањите  односно:

–  Дополнително да се истражи  јазот меѓу фактичката и  платата потребна за пристоен живот во текстилната индустрија во регионот

– Да се разговара за  специфичните  ризици поврзани со платата потребна за пристоен живот во регионот

– Идентификување на можни начини за прилагодување на бизнис практики за постигнување на платата доволна за пристоен живот

–  Истражување на можни колективни пристапи

За повеќе информации посетете го сајтот на (CCC) : http://www.cleanclothes.org/