,,Плата за пристоен живот во текстилната индустрија во Турција и во Европските пост-социјалистички земји – конкретни пристапи и стандарди“ 03-05 Март 2015 година, Истанбул.
Во март, 2015 година во Истанбул се оддржа состанок и работилница за подготовка на идните стратегии за постигнување на ,,плата за пристоен живот‘‘ во текстилната индустрија. На средбата присуствуваа претставниците од Clean Clothes Campaign(CCC), Глобалната Источна Платформа меѓу кои и Отворена Порта / Ла Страда Македонија , турските синдикати и индустријата СИТЕ(industry ALL)
За време на состанокот, се одржа одделна работилница заедно со главните модни Брендови и мултисекторскиот иницијативи (MSI е). Главната цел на оваа работилница беше да се искористи моментумот креиран со отпочнување на кампањите односно:
– Дополнително да се истражи јазот меѓу фактичката и платата потребна за пристоен живот во текстилната индустрија во регионот
– Да се разговара за специфичните ризици поврзани со платата потребна за пристоен живот во регионот
– Идентификување на можни начини за прилагодување на бизнис практики за постигнување на платата доволна за пристоен живот
– Истражување на можни колективни пристапи
За повеќе информации посетете го сајтот на (CCC) : http://www.cleanclothes.org/