Отворена Порта партнер на нов проект за правна заштита на жените

Отворена Порта партнер на нов проект  за правна заштита на жените

Отворена Порта  се приклучи како партнер организација во тригодишниот  проект Подобрување на нивото на правна заштита и статусот на жените жртви на насилство и дискриминација врз основа на полот во Р. Македонија , имплементиран од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) во партнерство со нашата организација и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

 

Проектот за правна заштита на жените жртви на насилство и дискриминација во Македонија е во согласност со меѓународните стандарди за заштита на човековите права и придонесува за унапредување на судските постапки за заштита на жените жртви и подигнување на јавната свест за последиците од злоупотребата на женските човекови права.

Проектот ќе опфати: набљудување на тековни судски предмети поврзани со насилство и дискриминација врз жените;проценка на степенот на судска заштита на ранливите категории на жените жртви; јакнење на капацитетите на судиите за примена на меѓународните стандарди за заштита на женкиоте човекови правасодржани во Конвенцијата за елиминирање на сите формина дискриминација врз жените на Обединети Нации (КЕДЖ); зголемување на нивото на информираност на жртвите за судските постапки за заштита од насилство и дискриминација; подготовка на препораки за унапредување на релевантната законска рамка (во согласност со специфичните потреби на различните категории на жртви); јакнење на капацитетите на граѓанските организации за примена на меѓународните и регионалните механизми за заштита на женските човекови права (опциониот протокол кон КЕДЖ и Европскиот суд за човекови права); иницирање на индивидуални случаи за стратешко застапување; и обезбедување на бесплатни правни совети и поддршка за жените жртви на насилство и дискриминација.

Тригодишниот  проект именуван како Подобрување на нивото на правна заштита и статусот на жените жртви на насилство и дискриминација врз основа на полот во Р. Македонија е финанскиски поддржан од УСАИД.