Тренинг за следење на судските процеси за кривично дело трговија со луѓе

Тренинг за следење на судските процеси за кривично дело трговија со луѓе

Во рамките на проектот проект Балкан делувај сега против трговијата со луѓе!, Отворена Порта на 6 и 7 април 2015, организираше тренинг на студенти од Првниот факултет од Скопје. Тренингот беше организиран во соработка со  (ЕЛСА) Европско здружение на студенит по право.

Во текот на тренингот, студентите ги зајакнаа знаењата за проблемот на трговијата со луѓе и  меѓународните и домашните закони кои го регулира кривичното дело-трговија со луѓе. Посебен акцент беше ставен на психолошките трауми кои што жртвата ги доживува во текот на експлоатацијата и на секундарната виктимизација која ја прати во текот на судските процеси. Студентите имаа прилика и преку разговорт со адвокат –правен застапник на жртвите на трговија со луѓе, да се запознаат со основните права на жртвата во текот на судските постапки, примената на законските одредби,  техничкиот аспект на следење на судските процеси и сл.

Студентите ќе имаат можност стекнатите знаења на овој тренинг да ги применат во пракса и да ги зајакнат своите вештини преку следење судски процеси за кривично дело- трговија со луѓе кои се одвиваат во Македонија.

За целите на следењето на судските процеси беше изготвен мониторинг прашалник од кој што се очекува да даде јасна слика за спроведувањето на законодавството во Македонија.