ПОВИК за подготовка на промотивно видео и дигитален маркетинг
Здружението „Отворена порта / Ла Страда“ објавува повик за ангажирање на лице или компанија за подготовка на промотивно анимирано видео и спроведување активности за дигитален маркетинг. Ангажманот се реализира во рамки на проектот „Од рехабилитација до отпорност: Патот напред“, финансиран од Фондот за зајакнување и отпорност на глобалната заедница (GCERF), а имплементиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со „Отворена порта / Ла Страда“ и Центарот за заедничка основа (ЦЗО).
Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е обезбедување професионална поддршка за:
- подготовка на едно промотивно анимирано видео;
- дигитална промоција на проектните активности и јавни настани на национално ниво.
Потребна документација
За правни лица:
- Тековна состојба од Централен регистар;
- Портфолио/референтна листа на реализирани ангажмани;
- Минимум 2 релевантни референци (ќе се смета за предност);
- Краток концепт/идеја за реализација (до 2 страници);
- Финансиски предлог со вклучен ДДВ.
За физички лица:
- Професионално CV;
- Референтна листа на реализирани ангажмани;
- Минимум 2 релевантни референци (ќе се смета за предност);
- Краток концепт/идеја за реализација (до 2 страници);
- Финансиски предлог – бруто износ со вклучен персонален данок.
Начин и рок за аплицирање
Целокупната документација треба да се достави најдоцна до 18.05.2026 година на следната е-mail адреса: bjovanovska@lastrada.org.mk
Целиот повик можете да го проследите на следниов линк: Повик за подготовка на промотивно видео и дигитален маркетинг (002)