ПОВИК за подготовка на промотивно видео и дигитален маркeтинг

ПОВИК за подготовка на промотивно видео и дигитален маркетинг 

Здружението „Отворена порта / Ла Страда“ објавува повик за ангажирање на лице или компанија за подготовка на промотивно анимирано видео и спроведување активности за дигитален маркетинг. Ангажманот се реализира во рамки на проектот „Од рехабилитација до отпорност: Патот напред“, финансиран од Фондот за зајакнување и отпорност на глобалната заедница (GCERF), а имплементиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со „Отворена порта / Ла Страда“ и Центарот за заедничка основа (ЦЗО).

Цел на ангажманот

Целта на ангажманот е обезбедување професионална поддршка за:

  • подготовка на едно промотивно анимирано видео;
  • дигитална промоција на проектните активности и јавни настани на национално ниво.

Потребна документација

За правни лица:

  • Тековна состојба од Централен регистар;
  • Портфолио/референтна листа на реализирани ангажмани;
  • Минимум 2 релевантни референци (ќе се смета за предност);
  • Краток концепт/идеја за реализација (до 2 страници);
  • Финансиски предлог со вклучен ДДВ.

За физички лица:

  • Професионално CV;
  • Референтна листа на реализирани ангажмани;
  • Минимум 2 релевантни референци (ќе се смета за предност);
  • Краток концепт/идеја за реализација (до 2 страници);
  • Финансиски предлог – бруто износ со вклучен персонален данок.

Начин и рок за аплицирање

Целокупната документација треба да се достави најдоцна до 18.05.2026 година на следната е-mail адреса: bjovanovska@lastrada.org.mk

Целиот повик можете да го проследите на следниов линк: Повик за подготовка на промотивно видео и дигитален маркетинг (002)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *