Во рамките на проектот “Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“ поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Отворена Порта/Ла Страда отвора работно место за психолог со пола работно време во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово (ПЦ). Работното место се отвора за периодот од 01 јануари до 31 декември 2023 година.
Поднесување апликации најдоцна до 20 декември до 16.00 часот на lastrada@lastrada.org.mk со назнака „Оглас за психолог“ за проектот „Социјалните партнери ги поддржуваат властите во помошта за лицата со специфични потреби“