Соработката со компанијата Slice Macedonia и Отворена порта

Како дел од соработката со компанијата Slice Macedonia , Отворена порта на ден 21.12.2022 во Скопје , спрoведе еднодневна  хибридна обука наменета  за “Препознавање и заштита на жртвите од трговија со луѓе”  .

Преку оваа обука која беше поделена во три сесии ,вработените во Slice имаа можност  да се запознаат со феноменот на трговија со луѓе,како и да стекнат нови знаења и да ги зајакнат своите капацитети во однос на заштитата и идетификацијата на трговија со луѓе.

Во третата сесија од обуката беше прикажан документарниот  филмот Излез,кој ги раскажува вистинските животни приказни на три лица жртви ,со цел подобро да се разбере комплексноста на проблемот на трговија со луѓе.По гледањето на филмот се разви дискусија за важноста од  постоење на прифатилиштето и неговата улога во  заштитата ,помош и поддршка на лицата жртви на трговија со луѓе.

Соработката  и спроведувањето на ваков вид на обуки,  наменети за бизнис секторот  и општествено одговорните комапнии како Slice ,имаат важна улога во подигнување на свеста на јавноста за постоњето на проблемот  трговија со луѓе. Воедно Отворена порта-Ла Страда изразува благодарност кон Slice Macedonia , за покажаниот интерес и нивниот несебичен придонес за помош и поддршка на жртвите.

Обуката е дел од програмата ,,Слушнете го гласот на тргуваните лица и борете се против организираниот криминал” финансиски поддржан од Европската Унија.