ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН КОНСУЛТАНТ
Развивање механизам за повратни информации од преживеани и мониторинг од институциите
Во рамки на проектот „Safe Haven: Expanding Shelter Resources for Trafficking Survivors in the Western Balkans“, имплементиран од Open Gate / La Strada Македонија, се објавува јавен повик за ангажирање национален консултант за развој на механизам за повратни информации од преживеани од трговија со луѓе и механизам за институционален мониторинг на примената на минималните стандарди за услуги.
Цел на ангажманот
Целта е да се развие национално прилагоден и практичен механизам кој ќе овозможи:
- редовно и безбедно собирање повратни информации од преживеани и заедницата;
- зајакнување на институционалниот мониторинг на квалитетот на услугите;
- поголема транспарентност, отчетност и вклученост на преживеаните во системот на заштита.
Опфат на работата
Ангажираниот/ата консултант/ка ќе биде задолжен/а за:
- анализа на националното законодавство, постоечките стандарди и процедури;
- консултации со преживеани, граѓански организации и релевантни институции;
- развој на модел за повратни информации (анкети, интервјуа, дигитални алатки, механизми за поплаки);
- предлог на механизам за институционален мониторинг со јасни индикатори и алатки;
- организирање и водење валидациска работилница;
- финализирање на механизмот со јасен план за имплементација.
Времетраење
Ангажманот трае 10 работни дена, во период од 6 недели, согласно договорен план.
Потребни квалификации
- Универзитетска диплома од областа на општествени науки, човекови права или сродна област (магистратура е предност);
- најмалку 5 години искуство во областа на трговија со луѓе, социјална заштита или мониторинг и евалуација;
- искуство во развој на алатки за мониторинг или системи за повратни информации;
- одлични аналитички и пишувачки вештини на македонски и англиски јазик.
Потребни документи
- Писмо за интерес
- Биографија (CV)
- Финансиска понуда (во МКД)
Рок и начин на аплицирање
Апликациите се доставуваат на: kontakt@lastrada.org.mk
Рок: 04.02.2026 година (среда) до 16:00 часот
Целосниот повик (ToR) е достапен тука