ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ
Развој на минимални стандарди за услуги за засолнување на жртви на трговија со луѓе
Во рамки на проектот „Safe Haven: Expanding Shelter Resources for Trafficking Survivors in the Western Balkans“, Open Gate / La Strada Македонија објавува јавен повик за ангажирање консултант за изработка на Минимални стандарди за услуги за засолнување на жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија.
Цел на ангажманот
Целта е развој на сеопфатен документ со минимални стандарди кои ќе:
- обезбедат конзистентен, квалитетен и одржлив систем на услуги за засолнување;
- бидат усогласени со националното законодавство и меѓународните стандарди;
- применуваат пристап заснован на човекови права, траума-информирана и преживеано-центрирана грижа;
- служат како основа за институционализација и лиценцирање на услугите.
Опфат на работата
Консултантот/ката ќе биде одговорен/на за:
- анализа на национални закони, политики и постоечки практики;
- анализа на меѓународни и регионални стандарди (Палермо протокол, GRETA, Конвенција на Совет на Европа и др.);
- проценка на постоечкиот модел на засолнување во земјата;
- подготовка на нацрт-документ со минимални стандарди, кои ќе опфаќаат:
- прием и проценка на корисници,
- безбедност и заштита,
- психосоцијални, правни и реинтегративни услуги,
- заштита на податоци и доверливост,
- кадровски стандарди,
- мониторинг, евалуација и отчетност;
- водење валидациска работилница;
- финализирање на документот подготвен за институционално усвојување и застапување.
Времетраење
Ангажманот трае 11 работни дена, во период до 2 месеци, според договорена динамика.
Потребни квалификации
- Напредна диплома од областа на општествени науки, право, човекови права или сродна област;
- минимум 7 години релевантно професионално искуство;
- докажано искуство во развој на стандарди, политики или водичи;
- одлично познавање на национални и меѓународни рамки за заштита на жртви;
- одлични аналитички и пишувачки вештини на англиски јазик.
Потребни документи
- Писмо за интерес
- Техничка понуда (пристап и методологија)
- Биографија (CV)
- Финансиска понуда (во МКД)
Рок и начин на аплицирање Апликациите се доставуваат на: kontakt@lastrada.org.mk
Рок: 04.02.2026 година (Среда) до 16:00 часот (CET), Целосниот Повик (ToR) е достапен : ToR – Consultant for development of minimum standards for sheltering ser.._