Јавен повик за вработување: Проектен асистент во Отворена Порта – Ла Страда
Отворена Порта – Ла Страда, здружение за акција против трговија со луѓе и насилство врз жени и деца, објавува повик за вработување на позиција: Проектен асистент.
- Работно место: Скопје
- Тип на вработување: Времено, со можност за продолжување
- Работно време: Полно работно време
- Краен рок за аплицирање: 19 јуни 2025
Главни задачи и одговорности:
-
Асистирање во планирање, спроведување и известување за проектни активности
-
Комуникација со проектни партнери, соработници и институции
-
Подготовка на извештаи, презентации и други работни документи
-
Организација на настани, состаноци и обуки
-
Архивирање на документација и поддршка во административни обврски
-
Учество во теренски активности и кампањи
Потребни квалификации:
- Претходно искуство во граѓанскиот сектор или на слична позиција е пожелно.
-
Одлични организациски и комуникациски вештини.
-
Познавање на англиски јазик (писмено и усмено).
-
Работа со компјутер (MS Office, Google Drive итн.).
-
Проактивност, тимска работа и чувствителност за темите поврзани со човекови права.
- Завршено високо образование или студент во завршна година на додипломски студии од областа на психологијата, социјалната работа или други сродни општествени науки.
Начин на аплицирање:
Испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на: kontakt@lastrada.org.mk
со назнака: Апликација за проектен асистент.
Краен рок за аплицирање: 19 јуни 2025 (до 17:00 часот)
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.