Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта / Ла Страда“, во рамки на оперативниот грант: „Слушнете го гласот на тргуваните лица и борете се против организираниот криминал“, финансиран од Европската Унија преку програмата IPA III/2024/460-920, објавува јавен повик за избор на компанија или фриленс дизајнер за редизајн и унапредување на веб-страницата на организацијата.
Сите заинтересирани компании или фриленс дизајнери треба да испратат понуда најдоцна до: 08.08.2025, на: kontakt@lastrada.org.mk, со назнака: Понуда за редизајн на веб-страница на „Отворена порта“. За дополнителни информации обратете се кај: Мила Рајковска mila@lastrada.org.mk
Линк до повикот ОГЛАС ЗА РЕ-ДИЗАЈН НА ВЕБ СТРАНА