Среќни сме што 6 граѓански организации Здружение на граѓани „Театар БОЕМИ” , Здружение на граѓани „ФЛОРОЗОН Центар за еколошка демократија”, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација „Гази Баба” , „Двојна Надеж”, ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ – АСПЕКТИ, Центар за толеранција и доживотно учење се наши грантисти и од февруари 2023, ќе отпочнат со нови проекти и иновативни пристапи.
Целта на доделените грантови и проекти е да се поддржат локалните организации во Северна Македонија во нивните напори за зголемување на отпорноста на заедницата против насилни екстремизам. Ова вклучува создавање на локални партнерства и спроведување на заеднички акции и превентивни активности и иницијативи.
Отворена порта им честита на добитниците со подготвеност за поддршка и успешни заеднички напори и резултати.
Грантовите се дел од проектот „Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилни екстремизам во Северна Македонија”, кој се спроведува од страна на „Отворена порта” и Здружението Хуманост во партнерство со општина Кисела Вода, Гази Баба и Куманово. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.