Евроски ден за борба против трговијата со луѓе

Оваа година Европскиот ден против трговија со луѓе во Р. Македонија се
одбележа со централен настан на Филозофскиот факултет во Скопје каде студентите
имаа можност да се информираат повеќе за труовата експлоатација како форма на
трговија со луѓе.
На овој настан претставниците на Отворена Порта директно одговараа на прашања на
студентите поврзани со трговијата со луѓе и трудовата експлоатација. Истовремено
Отворена Порта им порача на студентите што е можно повеќе да се информираат за
своите права особено кога заминуаваат да работат во странство, да осознаат повеќе
за тоа како да ги препознаат ризиците, каде да се информираат и како да се заштитат.
Информативните материјали во вид на постери и брошури им беа поделени на
младите а истовремено им се
презентира видео спот и мобилна
апликација. Овие материјали се
дел од Европската Кампања
Искористени во Европа и
Кампањата Спречи, Заштити,
Надомести. Овој настан беше спроведен во
заедничка соработка со
Националната Комисија за борба
против трговија со луѓе и илегална
миграција и заедно со сите други
засегнати институции, организации
и партнери.
Студентите имаа можност да се
сретнат и да поразговараат со
Министерката за внатершни работи
Г-ѓа. Гордана Јанкуловска, која го
поддржа овој настан.