Петок, 2,ноември во Националната галерија на Македонија -Мала станица, успешно ја отворивме уметничката инсталација “Handle with Care“. Им благодариме на сите граѓани, институции, граѓански и меѓународни организации кои дојдоа да го проследат настанот и да ја поддржат иницијативата.
Пораките беа јасни, потребно е заеднички да продолжиме со напорите против трговија со луѓе како на меѓународно така и на национално ниво. Треба да обезбедиме навремено препознавање на трговијата со луѓе и да обезбедиме безрезервна заштита на жртвите.
Продолживме на 3 ноември, со панел дискусија, со претставници од МТСП, ХОПС, Коалиција на маргините, Отворена Порта / Ла Страда и останатите учесници претежно млади професионалци и други граѓани.
Се согласивме дека трговијата со луѓе не треба да биде табу тема. Почитувањето на женските права, зајакнување и поддршка на жените и девојчињата и родовата еднаквост треба да бидат во центарот на напорите за спречување на трговијата со луѓе и експлоатацијата.
За сите оние кои немаа можност да не посетат во Скопје, тоа можете да го направите во Тетово на 7/8/9.11.2018 во Центар за балканска соработка- и Битола на 13/14/15.11.2018 – НУ Центар за култура. Овој патувачки проект продолжува да се движи, во соработка со Здружението Женски Форум Тетово и ЗГ Семпер Битола. Ве очекуваме да не посетите.
Проектот и инсталацијата Handle With Care е иницијатива на уметничките Patricia Kaersenhout and Jimi ChimiChurriJimini Hignett како дводелна изложба во Tropenmuseum во Амстердам како дел од изложбата за комеморација на 150 годишнината од укинување на ропството во Холандија. Проектот е организиран од страна на Отворена Порта со поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија и Тирана и има за цел да ја подигне свесноста за трговијата со луѓе помеѓу граѓаните, особено младите во Р. Македонија.