Поддржете дете, споделете ја радоста

✨Во срцето на секое дете лежи безграничната моќ да сонува, а нашата моќ е да ги негуваме тие соништа и да ги претвориме во реалност исполнета со надеж и можности.

Во книгата со приказни за соништата, не секое дете има посветен раскажувач. И ВИЕ МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ ЈУНАК ОД ПРИКАЗНИТЕ! Бидете автор на промените, раскажувач на приказна за издржливоста и успехот за оние на кои им треба некој да верува во нив !✨

🌟 Како функционира:

Прелистајте ги профилите на овие деца, секое со уникатни соништа и желби. Изберете дете на кое ќе му помогнете, и бидете причина за неговата насмевка кога ќе ги отвори подароците утрото во Новата година.

📅 До кога може да донирате:

Подароците ќе може да ги доставите до нашите канцеларии до 28ми Декември, каде што ние ќе ги спакуваме.  Ајде да се здружиме како заедница за да ја започнеме оваа Нова година со надеж, љубов и нови почетоци.

💌 Како да учествувате:

Посетете ја нашата веб-страница  за да ги видите профилите на децата и да изберете дете на кое сакате да му помогнете.

Ситe избрани продукти како облека, чевли, кометика, играчки, би било пожелно да се нови. Доколку станува збор за технологија може и да се користени, но во исправна состојба.

Подароците може да ги испратите по карго на адреса Бахар Моис 5а, Скопје (трошоците за карго може да бидат покриени од страна на Отворена Порта), лично да ги доставите до нашите канцеларии на истата адреса од 9 до 16 часот, или ние да ги подигнеме од локација која вие ќе ја наведете (доколку сте од Скопје).

Правила за подароците:

  1. Подароците не треба да бидат спакувани. Доколку сакате да има ваш персонален печат во однос на пакувањето, може да доставите и хартија за пакување, украсна кутија или ќесичка, а потоа ние ќе ги спакуваме.
  2. Доколку сакате можете да испратите подароци за повеќе од едно дете.
  3. Треба да наведете за кое дете е подарокот.

 

Профили на децата:

  1. Нора – 15 години
  2. Дона – 16 години
  3. Луљета – 14 години
  4. Селма – 16 години
  5. Калина – 13 години
  6. Емра – 14 години