#ПротивТрговијаСоЛуѓе

Младинската кампања “Противтрговијасолуѓе” се водеше под мотото – Никој Не Е Ничија Сопственост!

Димитар, Александар и Ѓорѓи напорно работеа повеќе од 2 месеци на подигнување на свеста на граѓаните од Прилеп за феноменот на трговија со луѓе, акцијата се состоеше од серија на герила акции во центарот на Прилеп. Како главна мотивација за почеток на оваа кампања тие велат дека е – “воочивме дека од круцијална важност е едукацијата и информирањето на сите нивоа во општеството, но и потсетување на инстутуциите, дека на оваа тема треба континуирано да се работи на заштита на граѓаните, од најмладите па се до најстарите!”

Повеќе информации за акциите можете да најдете тука.