Ла Страда, 20 годишнина -20 години промоција на правата на тргуваните лица.

На 15 септември 2015 година, Ла Страда ќе ја прослави својата 20-годишнина .

2015 ќе се обележи како посебна година во која ќе се организираат неколку активности за да се потенцира нашата досегашната работа во промовирање на правата на тргуваните лица. Во мај, 2015 година во Скопје Р.Македонија,  Собранието на  Ла Страда, ќе го ревидира новиот Стратешки план за наредните 5 години(2016-2020).

Овој настан ќе биде поврзан со ЛС НВО Платформата , каде со невладините ќе се разговара за постигнатото во минатите години  и  за нашите стратегиите за спречување на трговијата со луѓе.

Ве молиме посетете ја нашата веб страница Фејсбук и Твитер  за да се информирате за нашите постигнувања и активности, по повод нашата годишнина.

Се надеваме дека ќе продолжите да не подржувате и  во наредната година, во нашите напори да влијаеме на битните промени  во однос на  трговијата со луѓе и човековите права.