ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: ПСИХОЛОГ

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта / Ла Страда е здружение кое повеќе од 20 години работи на превенција, едукација, помош и поддршка, како и на застапување на жртвите на трговија со луѓе и сексуално насилство. Како водечка организација во регионот, Отворена Порта е дел од Интернационалната асоцијација Ла Страда, европска мрежа на НВО против трговија со луѓе. Здружението има активна улога во креирање на национални политики за заштита и поддршка на жртвите. Отворена Порта не е само организација, туку движење кое им дава глас на најранливите.

 

Опис на работното место

Во рамки на Програмата за социјална асистенција, Отворена Порта/ Ла Страда отвора работно место за позицијата Психолог со полно работно време. Работата се извршува во централната канцеларија, прифатилиштето и преку теренска работа со жртви на трговија со луѓе и нивните семејства. Психологот ќе биде одговорен за обезбедување на стручна психолошка поддршка, советување и следење на индивидуалниот напредок на корисниците.

Со оглед на тоа што нашите штитенички во Центарот за жртви на трговија со луѓе (ЦЖТЛ) се жени и девојчиња, за оваа позиција бараме исклучиво женско лице. Ова е неопходно за да се обезбеди безбедна и доверлива средина за работа со оваа ранлива група.

Главни одговорности

  • Спроведување индивидуално и групно психолошко советување со корисниците
  • Обезбедување психосоцијална поддршка на терен
  • Идентификување и следење на психолошките потреби на жртвите
  • Координација и управување со случаи во тим
  • Едукација и поддршка на корисниците преку креативни и психоедукативни работилници
  • Придружба на корисниците при остварување на права во институциите
  • Советување на членови од семејството на корисниците
  • Комуникација со релевантни институции и Центри за социјална работа (ЦСР)
  • Подготовка на редовни извештаи и водење детална евиденција за случаите
  • Учество на тимски состаноци, супервизии и обуки
  • Одржување на професионален и безбеден амбиент во прифатилиштето
  • Поддршка при развивање и имплементација на нови сервиси за корисниците

Барани квалификации

  • Високо образование – дипломиран психолог (ВСС)
  • Најмалку 1 година релевантно работно искуство, препорачливо со ранливи категории и жртви на насилство
  • Познавање на домашна и меѓународна законска регулатива поврзана со трговија со луѓе, заштита на жртви и социјална работа
  • Способност за работа под притисок и во кратки временски рокови
  • Одлични комуникациски и советодавни вештини
  • Познавање на Microsoft Office
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија (опционално, но пожелно)

Потребни вештини и компетенции

  • Презентациски и едукативни вештини
  • Тимски дух, флексибилност, емпатичност, транспарентност и професионалност
  • Иницијативност и посветеност на визијата и мисијата на организацијата

Што нудиме

  • Полно работно време / сменско работење
  • Можност за продолжување на ангажманот
  • Работа во посветен тим и учество во значајни програми
  • Професионален развој преку обуки и супервизија
     

Аплицирање

Сите заинтересирани кандидатки треба да испратат:

  • Биографија (CV) на македонски јазик
  • Мотивациско писмо
  • Потврда за завршено високо образование
  • Препорака од претходно работно место
  • Потврда за неосудуваност
  • Контакт-податоци од референци (телефон и е-пошта)

Апликациите се испраќаат на: kontakt@lastrada.org.mk

Со назнака: „Оглас за психолог“

Краен рок за аплицирање: 29.08.2025г до 16 часот

Отворена Порта/Ла Страда се залага за еднакви можности и правична постапка при изборот на кандидатки. Секоја апликантка ќе биде третирана со почит и без каква било дискриминација, независно од личните или социјалните околности.

 

Линк за превземање на огласот:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ_ ПСИХОЛОГ