Повик за ангажирање на експерт за развој на Водич за градење капацитети со модули за превенција од насилен екстремизам

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ
за развој на Водич за градење капацитети со модули за превенција од насилен екстремизам

 

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ во рамките на проектот: „Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам “, финансиран од Европската Унија, објавува јавен повик за развој на Водич за градење капацитети со модули за превенција од насилен екстремизам.

1. ЗА ОТВОРЕНА ПОРТА
Отворена порта – Ла Страда е здружение на граѓани, кое ги промовира човековите права и ги застапува интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе преку превенција, социјална поддршка и лобирање на национално и европско ниво преку членството во Ла Страда Интернационална- Европска мрежа за борба против трговија со луѓе. НИЕ обезбедуваме заштита, зајакнување на капацитетите и интеграција на тргуваните лица и другите ранливи групи во општеството.

2. ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

2.1 Главната цел на проектот е да се изгради силно, кохезивно и инклузивно општество кое ефикасно го спречува и се бори против насилниот екстремизам и радикализам преку активно вклучување и влијание на граѓанското општество, државните и не државните чинители.

2.2 Специфични цели се: 1.1 Зајакнување на соработката помеѓу јавните институции на централно/општинско ниво, локалната бизнис заедница, граѓанските организации(ГО) и лидерите преку воспоставување платформа на заедницата за овозможувачка средина; 1.2 Подобрување на капацитетите на локалните чинители за ефективна превенција и спротивставување на насилен екстремизам, подобрување на социоекономската вклученост и услуги; 1.3 Подигнување на свеста и мотивацијата на локалната заедница за намалување на ризиците кај младите и ранливите групи да бидат привлечени од насилен екстремизам и организиран криминал.

2.3. Целни групи
1) Граѓански организации, 2) Млади, 3) Заедници, 4) Јавни власти и општини 5) Приватен сектор-ИТ и бизнис сектор 6) Повратници и нивните семејства се индиректни и крајни корисници.

2.4. Главни активности
• Активности за развој на мрежа од луѓе до луѓе
• Активности за развој на локални стратегии за превенција и спротивставување на насилен екстремизам, за подобрување на социоекономската вклученост и услуги
• Активности за мобилизирање на локалните ГО од целните заедници и градење на нивните капацитети
• Активности за развој на основна ГО мрежа
• Активност за размена на најдобри практики и прекугранична соработка за превенција и спротивставување на насилен екстремизам и социјална инклузија и услуги.
• Активности за програмата на ре-грантирање за поддршка и зајакнување на ГО за превенција и спротивставување на насилен екстремизам акции на локално ниво
• Активност за проценка на знаењето на заедницата за превенција и спротивставување на насилен екстремизам
• Активности за подигање на свеста

2.5 За Водичот за градење капацитети за превенција од насилен екстремизам

Водичот за градење капацитет има за цел да ги опреми засегнатите страни со знаење и алатки неопходни за ефективна превенција и одговор на насилниот екстремизам во нивните заедници.
Водичот ќе опфати неколку модули, треба да вклучува, но не ограничувајќи се на следниве области:

а.) Превенција и спротивставување на насилен екстремизам: Стратегии за превенција, заштита, и реактивни мерки.
б.) Радикализација и насилен екстремизам: Разбирање на причините и последиците од радикализацијата.
в.) Правни рамки: Истражување на принципите за човекови права и правни рамки за превенција на насилен екстремизам.
г.) Враќање на мирот: напори за помош и закрепнување по инциденти на насилен екстремизам.
д.) Програма за реинтеграција и ресоцијализација: психолошко советување, професионална обука, образование, културни активности и
ѓ) Родов аспект и улогата на жените во превентивните напори.

3. ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Здружението Отворена порта има потреба од ангажирање на двајца (2) експерт/ти за развој на Водич за градење капацитети за превенција од насилен екстремизам. Експертот/ите ќе треба тесно да соработува со спроведувачите на проектот. Експертот мора да ги изврши следните задачи:
• Анализа на контекстот: Преглед на социо-економските, политичките и културните аспекти на локално ниво кои влијаат на насилниот екстремизам.
• Факторите за ризик : Идентификација на факторите кои ги зголемуваат или намалуваат ризиците од насилни екстремистички поведенија.
• Идентификација на најдобрите практики: Преглед и адаптирање на најефикасните методи за превенција на насилниот екстремизам, прилагодени за конкретните потреби на заедницата.
• Креирање на водич за превенција од насилен екстремизам: Образовен и информативен ресурси за едукација и зајакнување на локалните чинители во превенцијата на насилниот екстремизам. Секој модул ќе биде прецизно истражуван, инкорпорирајќи ги најдобрите практики, студии на случај и стручни сознанија за да обезбеди практични насоки за засегнатите страни вклучени во напорите за спречување и одговор на насилниот екстремизам.
• Континуирана и блиска соработка со проектните координатори на проектот од Отворена Порта и Хуманост за целото времетраење на активностите;

3. ИЗВЕСТУВАЊА

Давателот на услугата ќе ги достави следните извештаи на македонски јазик, по електронски пат:
План на активности за ангажманот, со јасно прикажани сегменти по специфични активности, соодветно за работата на развој на Водичот.
Првичен концепт
Финален документ – Водич за градење капацитети за превенција од насилен екстремизам

Менаџерот на проектот е одговорен за одобрување на извештаите во рок од 10 дена од поднесувањето.

Мониторингот и евалуацијата на работата на експертите ќе ги врши проект менаџерот во соработка со проектниот тим.

4. КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ

Бараме експерти со искуство и знање во областа:
• Високо образование од областа на безбедност, правни и политички науки, психологија, социологија и слични области.
• Превенција и спротивставување на насилниот екстремизам
• Човекови права и правни рамки
• Градење мир и решавање на конфликти
• Родови прашања и улогите на жените во спречувањето на насилниот екстремизам
• Вештини во развој на образование и обука, наставни програми или создавање образовни ресурси
• Способноста за истражување и анализа
• Посветеност за промовирање на инклузивноста и различноста
• Способност за соработка во тимски амбиен

 

5. ВРЕМЕНСКА РАМКА:

Експертите се очекува да започнат со работа од 15 март 2024 година и да заврши со задачата до 30 април 2024 година. Рокот за завршување на задачата и доставување на финалниот продукт може да се продолжи во консултација со Отворена порта.

6. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Заинтересираните лица треба да ги достават следниве документи кои се објавени на веб страната и истите може да се преземат:

• CV (биографија на експертот, и ако е апликативно за неговите партнери со кои е здружен)
• Финансиска понуда , цена изразена без ДДВ
• Референтна листа на професионално искуство
• План за тек на процесот за развој на Водич за градење капацитети за превенција од насилен екстремизам

Вашите апликации можете да ги испратите по електронска пошта на kontakt@lastrada.org.mk и mtodorovska@lastrada.org.mk со назнака „Апликација за експерт за развој Водич“ најдоцна до 08.03.2024 година.

7. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР

Предлозите ќе бидат избрани од комисија од Отворена порта
Критериуми за избор на понудувач се:
• Квалификации и претходно искуство во слични ангажмани
• Финансиска понуда

Нарачателот ќе стапи во контакт и комуникација само со понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на комисијата. Во зависност од понудените цени, нарачателот може да прифати целосно или делумно пристигната понуда. Нарачателот го задржува правото да не избере ниту една од пријавените понуди.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на Отворена порта ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања/ангажирања во Отворена порта Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Повик за изработка на водич