Марија Тодоровска од Отворена Порта/Ластрада учествуваше на панелот насловен “Пристап до правда и ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе” во рамки на регионалната конференција „Борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во Европа: стандарди, реалност и нови стратегии за акција“ која се одржа на 20 и 21 септември 2022 година во Белгр
На панелот се презентираа главите предизвиците за пристапот до правда на на жртвите и ефективни правни лекови, кои се повеќекратни вклучувајќи недостаток на идентификација; ризик од брза депортација; отсуство на информации и правна помош; недостапност на ефективен пристап до компензација; неказнивост на трговците со луѓе итн. Говорниците се осврнаа и на судската пракса на Европскиот суд за човекови права, националната судска практика и добрите практики во поддршката на жртвите до компензација и други правни лекови. Општата цел на оваа сесија беше да се подигне свеста за постоечките стандарди и да се размислува за стратегиите за да се осигура дека тие се почитуваат во пракса.
Конференцијата направи преглед на трендовите и предизвиците во трговијата со луѓе за трудова експлоатација и идентификуваше позитивни иницијативи за зајакнување на превенцијата од перспектива насочена кон жртвите. Улогата на чинителите на пазарот на трудот и приватниот сектор, како и како да се надминат предизвиците за пристапот на жртвите до правда и ефективни правни лекови, беа меѓу темите што се дискутираа.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 учесници од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија од различни институции, како и невладини и меѓународни организации вклучени во борбата со трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.
Повеќе за конференцијата на: