Во текот на изминатата недела се оддржаа средби со општинте Куманово, Гази Баба и Кисела Вода. Повод за средбите беше претставување на проектот „Активно вклучување и влијание на граѓанското општество, државни и недржавни чинители во П/СНЕ во Северна Македонија“ спроведуван од Отворена порта/Ла Страда и Хуманост во партнерство со општините.
Севкупната цел на акцијата е да се изгради кохезивно и инклузивно општество кое ефикасно го спречува и се бори против насилниот екстремизам и радикализација преку активно вклучување и влијание на граѓанското општество, државните и не државните чинители.
Активно ќе се работи на:
- Зајакнување на соработката помеѓу јавните институции на централно/општинско ниво, локалната бизнис заедница, граѓанските организации и лидерите преку воспоставување платформа на заедницата за овозможувачка средина;
- Подобрување на капацитетите на локалните чинители за ефективно П/СНЕ, подобрување на социоекономската вклученост и услуги;
- Подигнување на свеста и мотивацијата на локалната заедница за намалување на ризиците кај младите и ранливите групи да бидат привлечени од насилен екстремизам и организиран криминал.
Ни претставува задоволство што сите 3 општини покажаа интерес да бидат партнери во спроведувањето на активностите.
Проектот е финансиски поддржан од ЕУ.