СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци.
139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово.
Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта – Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday