16 Дена активизам за искоренување на родово базираното насилство

Детските и принудните бракови се сериозна форма на кршење на човековите права

Денес, преку интерактивна работилница со 70 средношколци од Прилеп, дискутиравме за:
• Последиците од детските и принудните бракови, кои негативно влијаат врз физичкото и менталното здравје, ги ограничуваат образовните и економските можности и ја нарушуваат иднината на младите;
• Препознавање и заштита од трговија со луѓе, која често е поврзана со принудните бракови;
• Значењето на образованието, како клучен начин за личен раст, економска независност и придонес во општеството.

Принудните бракови го одземаат правото на избор, го нарушуваат достоинството на личноста и ги изложуваат младите, особено девојките, на насилство, сиромаштија и социјална изолација.

Оваа практика е резултат на длабоко вкоренети родови нееднаквости, дискриминација, и честопати е поврзана со феминизацијата на сиромаштијата. Принудните бракови најчесто се користат како механизам за контрола на жените и девојчињата, лишувајќи ги од нивните основни права.

Отворена порта/La Strada Македонија е посветена на мобилизирање на младите, институциите и заедниците за развивање долгорочни стратегии за превенција и заштита од принудни бракови, како и трговија со луѓе.

Оваа активност е дел од проектот „Подобрување на превенцијата и грижата за жртвите на принудни бракови“, финансиски поддржан од Министерство за Европа и Надворешни работи на Франција.

Благодарност до:
• Средните училишта: С.О.У „Ѓорче Петров“, С.О.У „Орде Чопела“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ за нивната поддршка и активно учество;
• Невладината организација РОМА ПЕРСПЕКТИВ за нивната соработка во спроведувањето на оваа работилница.

Преку едукација, поддршка и заедничка акција, можеме да ставиме крај на детските и принудните бракови, ослободувајќи ги жените и девојчињата од овој циклус на насилство и неправда.