Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда“ во рамките на проектот: „Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам “, финансиран од Европската Унија, објавува повик за ангажирање на лице или компанија за да обезбеди професионални услуги за лектура, уредување, преведување и дизајнирање на Водич за градење капацитети со модули за превенција од насилен екстремизам.
ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Ве молиме испратете го следново :
- Кратко писмо кое го прикажува вашето искуство во превод, уредување и дизајн.
- Примерок од претходни преведувачки и дизајнерски работи (идеално поврзани со прирачници, водичи или слични документи).
- Финансиска понуда за услугите за лектура, превод на албански и англиски јазик, уредување и дизајн за секоја ставка посебни.
по електронска пошта на kontakt@lastrada.org.mk и irina@lastrada.org.mk со назнака „Понуда за превод, уредување и дизајн “ најдоцна до 20.12.2024 година.
Целиот повик отворете го на следниов линк: Повики за понуда за превод и едитирање